Економија, финансии, бизнис

Контакт

Врачена наградата 8 септември на истакнати спортисти

Врачена наградата 8 септември на истакнати спортисти
Традиционално денес во Собранието на Република Македонија беше врачена државната награда 8 септември на истакнати личности кои дале голем придонес во областите на спортот, Наградата за животно дело за исклучителен придонес во развојот на спортот, афирмација и промоција на Република Македонија на меѓународен план ја доби Андон Дончевски. Тој е легендарен македонски селектор кој ја предводеше и првата македонска фудбалска репрезентација. Награда за остварување во областа на спортот во 2016 година, петта откако се доделува признанието, добија и Сашко Поповски за своите активности во ватерполото (репрезентативец и селектор), Добре Маринков, Фоти Ѓатовски и Агим Ејупи за борење. Честитајќи им на добитниците на наградата, директорот на Агенцијата за млади и спорт (АМС), Марјан Спасески рече дека АМС ја валоризира вредноста на работата на спортистите и спортските работници доделувајќи им високо државно признание на Денот на независноста на Република Македонија. „Симболот на независноста на нашата држава недвосмислено кореспондира со крајната цел на секој спортист, а тоа е победата. Денешниот празник е прослава на победата, а токму таа е мотив на спортистите и спортските работници“, рече Спасески. Претседателот на Одборот за доделување на државната награда од областа на спортот „8 Септември“, Ѓорѓе Војновиќ им изрази благодарност на сите луѓе кои во минатото биле запоставени, а постигнале огромни успеси.
Слично

Поврзани вести