Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вработување: Полицијата бара 12 пилоти!

Вработување: Полицијата бара 12 пилоти!
Министерството за внатрешни работи преку конкурс бара 12 пилоти за хеликоптерската единица. Кандидатите ќе треба да поминат обука од 19 месеци, според најсовремените стандарди кои се практикуваат во најразвиените земји. „Избраните ќе се стекнат не само основни, туку и со специфични знаења за пилотирање на хеликоптерите во посебни услови“, информираше министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска. Најдобрите кандидати ќе бидат селектирани за пилотирање со седумте хеликотери со кои располага МВР. Во конкурсот се предвидува вработување за шестмина пилоти со средно образование, кои не треба да бидат постари од 25 години, и шестмина со високо образование, кои треба да бидат на возраст до 30 години. Кандидатите треба да се државјани на Република Македонија, да бидат здравствено и физички способни и да немаат изречено забрана за вршење професија, дејност или должност со правосилна одлука. Во посебните услови предвидено е познавање англиски јазик на високо ниво.
Слично

Поврзани вести