Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВРАБОТУВАЊЕ: Груевски најавува 13 илјади работни места во новите странски инвестиции

ВРАБОТУВАЊЕ: Груевски најавува 13 илјади работни места во новите странски инвестиции
Со новите странски инвестиции во Македонија ќе се отворат 13.000 нови работни места, најави премиерот Груевски во своето гостување на ТВ Сител вечерва. Тој истакна дека само Веибо Груп наместо првично планираите 4.000 ќе вработи дури 5.600 лица во Македонија. „Една од компаниите кои својата инвестиција во Македонија ја најави пред изборите во Македонија, почнува од месец декември. Веибо груп го зголеми бројот на отворени работни места и не информираа дека не 4000 како што најавија, туку ќе вработат 5600 лица. Тоа се 1600 повеќе директни вработувања во само една фабрика“, рече Груевски. Тој вели ддека е презадоволен од интересот на странските инвеститори за земјава. „Некаде помеѓу јануари – април до изборите, 17 компании донесоа одлуки и самите објавија изградба на фабрики во Македонија, ние сите ги следиме со сите имаме контакт, тие веќе длабоко работат на подготовка на проекти и на се друго што е потребно за да почнат да градат. Јас се надевам дека помеѓу декември сега и некаде март- април следната година најголем дел од нив ке ги почнат градбите на тие фабрики . Осум други фабрики по изборите донесоа одлука и објавија, од изборите до сега, а уште шест не известија дека донеле одлука, но дека не се во можност да објават во овој момент и ние тоа го почитуваме“, нагласи Груевски. Според премиерот, крајна цел на сите странски инвестиции е отварање нови работни места и намалување на невработеноста. „Тоа нам ни се случува имавме 38 % невработеност сега имаме 28 посто и планираме до крајот на овој мандат да дојдеме до 22 отсто“, додаде тој.
Слично

Поврзани вести