Вработување на жени – стратегија на Јапонија за раст на економијата
Зголемување на бројот на вработени жени е новата стратегија на јапонскиот премиер Шинзо Абе, со која планира да ја поттикне економијата и да го намали јазот помеѓу мажите и жените на пазарот на трудот, објавија американските медиуми.
Според извештајот на банката Goldman Sachs од 2010 година, се проценува дека ако стапката на вработеност е иста меѓу мажите и жените, односно околу 80 отсто, јапонската економија би достигнала раст на активноста и до 15 отсто.
За таа цел, премиерот Абе предлага закон со кој на големите компании им се наложува да осмислат и објават планови за подобрување на улогата на жената во нивното работење.
Според податоците на Организацијата за економска соработка и развој, во Јапонија 42,5 отсто од жените имаат некој вид образование по завршувањето на средното училиште, со што се декларираат меѓу најобразованите жени на светот.
Сепак, само 67,5 отсто од Јапонките имаат работно место, вклучувајќи и повремена работа.
Слично
