Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вработување: 30 деца без родители добија работа во државни институции

Вработување: 30 деца без родители добија работа во државни институции

Согласно со Програмата за вработување Д-10 вкупно 30 лица кои до 18 години имале статус на деца без родители и родителска грижа денеска добија  решенија за вработување во државната и јавната администрација.

– Една од категориите луѓе кои неминовно имаат потреба од поддршка од државата е онаа која израснала без родители и без родителска грижа. Оваа категорија во минатото беше оставена на маргините на државниот интерес. Жалосно, но вистинито… овие луѓе се бореа со безброј предизвици и газеа посебно трнлив пат во потрага по среќа и достоинствен живот. Со доаѓањето на оваа Влада настана нова ера за децата и луѓето кои израснале без родителска грижа. За нас, вие сте еден од основните приоритети во нашите социјални политики, изјавил премиерот Никола Груевски на доделувањето на решенијата за вработување на овие лица.

Министерот за труд и социјална политика пак Диме Спасов смета дека со оваа програма и денешниот чин се потврдува еден крупен чекор во решавањето на најголемиот предизвик- вработувањето и решавањето на животното прашање.

– Владата презема конкретни мерки и чекори за поддршка на лицата кои до 18 години имале статус на деца без родители и родителска грижа. Настојуваме таа поддршка да биде постојана и сеопфатна. Вклучувањето на пазарот на трудот веруваме дека е најзначајна придобивка и можност за лична реализација, рече Спасов.

Слично

Поврзани вести