Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вработените во прилепскиот мермерен комбинат, втор ден на штрајк

Вработените во прилепскиот мермерен комбинат, втор ден на штрајк

 И денеска работниците во прилепскиот „Мермерски комбинат“ продолжија со штрајкот. Тие остануваат на своето барање за зголемување на платите за 30%, бидејќи веке 10 години немаат никаккво покачување, а како што велат, работните обврски им се повеќекратно зголемени.

Од Управата пак посочуваат, штрајкот бил организиран спротивно на законските одредби. „Штрајкот го попречува редовното работење со што се причинува материјална штета на компанијата. Ваквата постапка е неразумна, неоправдана и необјективна“ стои во соопштението на Управата на комбинатот, од каде истакнуваат дека и покрај кризата вработените имаат плати повисоки од просечните. Вчера менаџментот на комбинатот не прифати да преговара со претставници на работниците и со синдикатот. „Менаџментот е дециден дека не прифаќа преговори за платите на работниците, туку само да разговара за тоа. Пред тоа не го прифати колективниот договор, па затоа сега планираме да понудиме нов pредлог-колективен договор во кој ќе бараме да се утврди цена на трудот и да се обезбеди почитување на работничките права произлезени од Законот за работни односи“, рече Павел Трендафилов, претседател на Гранковиот синдикат на градежништво кој е вклучен во преговорите. Вработените претходно најавија дека штрајкот ќе трае три дена, со цел да го привлечат вниманието на менаџерите. Комбинатот има 380 вработени и се јавува како еден од најголемите работодавци во регионот. Основан е 1946 година, а  во 2009 година, беше купен од два инвестициски фондови од Грција, додека мнозински сопственик е инвестицискиот фонд „Stone Works Holdings Cooperatief“.
Слично

Поврзани вести