Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВРАБОТЕНИТЕ ВО ПОШТИ СЕ ЗАКАНИЈА СО ШТРАЈК: Доведени се во прашање повеќе од 2.000 работни места

ВРАБОТЕНИТЕ ВО ПОШТИ СЕ ЗАКАНИЈА СО ШТРАЈК:  Доведени се во прашање повеќе од 2.000 работни места

Вработените во Пошти се закануваат со нови протести и штрајк. 

Синдикатот најави дека ќе подготви систематизација, ќе ја достави на идната влада и ќе инсистира на нејзина примена. Како што кажа синдикалниот лидер Боро Велигденов, пошта е на работ на егзистенција. Доведени се во прашање повеќе од 2.000 работни места. По изборите ќе се бара да се потпише и новиот колективен договор, подобрување на условите за работа и обезбедување средства.

„Вчера земавме плата, но имаме неисплатена плата на над 200 договорни поштари“, вели Велигденов. 

Синдикатот смета дека состојбите се последица на лошата кадровска политика и партизација. Вработените во пошти и претходно имаа поплаки. Се жалеа на ниските плати и условите за работа. 

Слично

Поврзани вести