ВРАБОТЕНИТЕ ВО ПОШТА НА ПРОТЕСТ: Плати нема, друштвото е во финансиска криза
Вработени во Пошта на Северна Македонија протестираа денеска пред Дирекцијата за да изразат револт поради тоа што им доцнат платите. Боро Велигденов од Синдактот на Македонско пошти вели дека протестот е поддржан од двата синдикати во државното друштво.
„Поводот е задоцнување на платата, но не е само тоа. Нашиот револт и нашето стравување е поради лошата финансиска ситуација и кризата во која се наоѓа нашата компанија. Сакаме револтот да го изразиме преку овој протест и поради многу лоши услови за работа, а најмногу поради неизвесноста на вработените за иднината на компанијата, односно дали ќе се приватизира или владата и менаџерскиот тим ќе изнајдат начин за компанијата да излезе од оваа ситуација, рече Велигденов.
