ВРАБОТЕНИТЕ ВО ПАРКОВИ И ЗЕЛЕНИЛО ДОБИЈА ПЛАТА - протестите продолжуваат, без приходите се работниците од Флораком и Луна
По неколкуте протести на вработените во ЈП Паркови и зеленило скопје, како и на подфирмите Флораком и Луна кои се одржаа изминативе денови поради доцнење на платата за месец август, тие денеска повторно протестираа, но воедно пристигнаа позитивни вести за дел од работниците.
Имено, платата за вработените во ЈП Паркови и зеленило е исплатена, но не и за останатите работници од Флораком и Луна, за што Сојузот на Синдикати на Македонија посочи дека ако не биде исплатена и утре продолжуваат со планираните протести, се до исплата на платите.
- Вработените од ЈП Паркови и зеленило Скопје кој воедно е оснивач и на ДООЕЛ Флораком и ДООЕЛ Луна излегоа на нов ПРОТЕСТ денеска на 1 октомври 2025 година кој започна во 10 до 12 часот на бул. Илинден кај Фонтана(Матично) и на мостот Гоце Делчев.
Вработените кои излегоа на протестот покажаа дека работничката борба за работничката плата дава резултати.
По завршување на протестот, информирани сме дека платата на вработените во ЈП Паркови и зеленило Скопје е исплатена, а на вработените во ДООЕЛ Флораком и ДООЕЛ Луна се уште не е исплатена и доколку не се исплати, протестите продолжуваат и во наредните денови.
СУТКОЗ и работниците излегуваат повторно на улица утре 02.10.2025 година кога ќе излезат на протест вработените од ДООЕЛ Флораком и ДООЕЛ Луна во период од 10 до 12 часот со блокирање на бул. Илинден(кај Матично).
СУТКОЗ како единствен репрезентативен синдикат за комунални дејности ги повикува вработените од ЈП Паркови и зеленило Скопје кои денес земаа плата на штрајк/протест од солидарност ( согласно Законот за јавни претпријатија) да ги подржат колегите од ДООЕЛ Флораком и ДООЕЛ Луна.
Заедно сме посилни! - пишува во објавата на ССМ.
Слично
