Вработените во OKTA донираа по повод Светскиот Ден за борба против гладта
По повод 16 октомври, светскиот ден за борба против гладта, вработените од компанијата ОКТА доброволно ќе се откажат од своите купони за храна, и собраните средства ќе ги подарат на Црвениот Крст на Скопје, со цел да им се помогне на најсиромашните семејства, посебно од руралните области, кои се соочуваат со проблем од обезбедување на основните потреби за храна.
Станува збор за хуманитарна акција која вработените на ОКТА ја реализираат две години по ред и полека станува традиција.
„Активното учество на вработените во оваа акција претставува значаен придонес во напорите на OKTA за создавање на подобар свет. Големиот одзив на вработените е најдобар доказ за постоењето на хуманост, взаемност и солидарност, како и силна желба за пружање помош и поддршка на најранливите категории граѓани. Се надеваме дека оваа добротворна акција ќе влијае во подигнувањето на јавната свест за гладните лица, како и дека барем малку ќе ја ублажи потребата за храна и ќе им помогне на оние на кои ваквата помош им е најмногу потребна ” - изјави г. Деан Стојковски, претседател на Црвениот Крст на ОКТА.
Слично
