Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вработените во МЗТ Леарница – Скопје протестираа поради несплатени плати

Вработените во МЗТ Леарница – Скопје протестираа поради несплатени плати

Скоро една недела вработените во МЗТ Леарница – Скопје протестираат поради неисплатени плати од лани, соопштија од Синдикатот на индустрија енергетика и рударство (СИЕР).

Нив придонесите не им се платени за девет месеци, почнувајќи од септември лани. Штрајкот започна откако работодавачот објави  дека ги запира сите производни активности, а на вработените им издаде решенија за годишен одмор без да им ги исплати платите. Работниците сметаат дека овој годишен одмор значи и отпуштање од работа, затоа што со години Леарница има проблеми во работењето и плаќањето на обврските не само кон вработените, туку и кон фирмите со кои соработува.

„Во ваква состојба, работниците кои имаат загрозена основна животна егзистенција не се во можност да користат ниту здравствено осигурување“- велат од СИЕР.

Тие вчера протестира и пред Управата за јавни приходи (УЈП) од која побараа да изврши проверка и да покрене постапка против работодавачот поради неисплатени плати и придонеси. Некои од нив велат дека во фирмата се давале пари во готово, без да се плаќаат придонеси и давачки.

Слично

Поврзани вести