Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вработените во МВР ќе земаат за 5% повисоки плати

Вработените во МВР ќе земаат за 5% повисоки плати

Повисоки плати за 5 % ќе земаат вработените во Министерството за внатрешни работи, почнувајќи од април.

Платите со покачување ќе им бидат исплатени во мај. Ова покачување е договорено во март лани, меѓу МВР и Македонскиот полициски синдикат.  Владата продолжува со усогласување на платите во МВР со оние од другите служби кои вршат слична дејност, пред се’, со платите во Управата за јавни приходи, Управата за финансиска полиција и Царинската управа. Во соопштението од дополнителниот заменик министер за внатрешни работи, Митко Чавков, стои дека согласно со договорот,  овој процес треба да заврши заклучно со 2017 година.

Слично

Поврзани вести