Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вработените во McDonald’s Македонија нема да останат без работа

Вработените во McDonald’s Македонија нема да останат без работа
На своите работни места остануваат сите 236 вработени во McDonalds рестораните во Македонија. Ова е  пораката што денес им беше пренесена на сите вработени од страна на сопственикот на компанијата „СЈ“, Светозар Јаневски, на средбата која беше иницирана по негово барање, на која присуствуваа и претставници на менаџментот на компанијата која управува со McDonalds франшизата во Македонија, стои во соопштението испратено до медиумите. Воедно вработените беа уверени дека компанијата продолжува со работа и покрај привременото затворање на рестораните, кое настана како последица на околности на кои компанијата „СЈ“не можеше да влијае. -Компанијата „СЈ“, франшиза на McDonalds за Македонија од 1997-ма година, ќе продолжи да бара решение кое ќе ни овозможи повторно да ги отвориме вратите на нашите ресторани, што е можно побрзо. За таа цел, се надеваме на корисни преговори со McDonalds корпорацијата, кои ќе овозможат да продолжи функционирањето на McDonalds франшизата во што досега се инвестирани над 6 милиони евра, што секако ќе биде во интерес на потрошувачите, сите вработени и заедницата, беше констатирано на денешниот состанок наменет за информирање на сите вработени во McDonalds рестораните во Македонија за новонастаната ситуација, стои во соопштението на компанијата.
Слично

Поврзани вести