Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вработените во чевларската индустрија на дното со платите

Вработените во чевларската индустрија на дното со платите

Најмали плати во ноември лани земале работниците во кожарската индустрија. 

Тие имале просечни примања од 11.844 денари, стои во извештајот на Државниот завод за статистика. На дното се и врабоените  во сектор рибарството со просек од 12.064 денари и текстилците со просечна плата од 13.161 денар. Подобри од нив се во транспортот, преработувачката индустрија, трговија, туристички работници и други. 

Најплатени биле вработените во воздухопловниот транспорт со просек од 96.174 денари. 

Вработените во ИТ секторот се со просек од 47.000 денари. Зад нив се осигурување и пензиски фондови со просечна плата од 44.000  денари . Над 40.000 денари плата во Македонија заработуваат вработените во фармација, во правните и сметководствени дејности.

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во ноември 2016 изнесува 32 877 денари. Просечната месечна исплатена нето-плата во истиот месец била 22 380 денари. Во ноември лани 1.4% од вработените во Република Македонија не примиле плата.

Слично

Поврзани вести