Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вработените од „Ремонт на пруги“ на средба со Јанакиески

Вработените од „Ремонт на пруги“ на средба со Јанакиески

Вработените од Ремонт на пруги денеска ќе се сретнат со министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески. Тие се револтирани бидејќи уште минатата година Владата ги известила дека ќе бидат вратени во склоп на МЖ -Инфраструктура. Но,  синдикатот не може да добие одговори од надлежните зошто тоа се уше не е сторено.

Повеќе од 8 месеци работниците на Ремонт протестираа пред Владата и бараа раскинување на купопродажниот договор со фирмата од Бања Лука и враќање под МЖ Инфраструктура. Откако истече договорот со Босанската компанија, вработените се на улица и покрај владината одлука да се вратат во државната фирма на работа. Според информациите на Фактор, најверојатно работниците ќе бидат дел од МЖ-Инфраструктура, но откако ќе поминат локланите избори.

 
Слично

Поврзани вести