Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вработените од МТСП нема да му се извинат на Спасов

Вработените од МТСП нема да му се извинат на Спасов

Вработените од МТСП нема да му се извинат на министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов за наведеното во вчерашното отворено писмо.

Тој побара за 48 часа да му се извинат, инаку ќе ги тужи четворицата вработени потписници на писмото.

„Да се остави државен службеник без основни средства и услови за работа е спротивно на залагањето за еднаквост и еднаков третман на сите вработени. Особено што во институцијата во која работиме е механизмот за еднакви можности и недискриминација и секторот кој ги креира политиките за забрана на мобингот на работа и за заштита на работничките права“ - реагираат вработените во МТСП.

Додаваат дека дел од нив ниту биле ниту пак се членови на политичка партија.

„Блокирањето на телефонските броеви на повеќе од 30 вработени, без известување, а дел од нив на оправдано боледување и отсуство од работа, само зборува за одличното и професионално организирање на работата во министерството од ваша страна и од страна на овластените лица од вас. Испраќањето на дописи до Фондот за здравство за итни проверки на боледувањата на државните службеници со уредни боледувања зборуваат за тоа колку добро и организирано делувате. Зарем тоа не е притисок? Но тој не е од наша страна туку од ваша“ - наведуваат понатаму во одговорот до министерот.

Јованка Тренчевска, советник, Наташа Методијева, соработник, Јасмина Јовановска, раководител на одделение, Зихра Мемети, раководител на сектор велат дека нема да се извинат на Спасов.

Слично

Поврзани вести