Вработените од „Југохром“ испорачаа барања, што бараат од надлежните?
Работниците од фабриката „Југохром“ која е затворена на барање на Министерството за животна средина, му дадоа рок на бордот на директори до понеделник да одлучат за нивните барања.
Бараат да добиваат плата во периодот кога компанијата нема да работи. Работниците барањето го доставија вчера до менаџерите на „Југохром“. Ако надлежните немаат слух за нивните барања, се заканија со протест.
„Мислам дека ќе има позитивно решение, да се најде решение да не ги остават работниците на улица“ - вели Бајрам Амити, претседател на синдикатот на „Југохром“.
Директорот Васко Скендеровски во интервју за ТВ 21 вели дека планира да се сретне со синдикатот.
„Оптимално решение би било до крајот на годинава сите да бидат во редовен работен однос, потоа законски ќе имаат право да бидат под Агенцијата за вработување, односно да примаат некој минимален надоместок. Станува збор за 720 вработени“ - рече Скендеровски.
Општинскиот комитет на ВМРО-Народна партија од Јегуновце остро реагира на затворањето на фабриката „Југохром“. Од партијата рекоа дека е несфатливо зошто толку време доцни лиценцата за филтрите кои фабриката треба да ги набави.
Сепак, наведуваат дека воздухот и понатаму е загаден повеќе од дозволеното.
