Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВРАБОТЕНИТЕ ОД „ФЕНИ“ ДОБИЈА ПЛАТА: Oд понеделник почнуваат со работа?

ВРАБОТЕНИТЕ ОД „ФЕНИ“ ДОБИЈА ПЛАТА: Oд понеделник почнуваат со работа?

Вработените во комбинатот „Фени“ од Кавадарци ја добија заостанатата плата и се надеваат дека од понеделник ќе почнат со работа.

Претседателот на Синдикатот, Ѓоре Палитов за МИА изјави дека заостанатата плата им е исплатена на вработените и дека новиот сопственик „Енекод“ од Бугарија не се откажува од „Фени“. 

„Вчера во директни преговори ни беше потврдено дека денеска ќе земеме плата и тоа и се случи. Имаме официјален меил дека тие не се откажуваат од Фени и дека ги демантираат изјавите во медиумите оти се откажале“- вели Палитов.

Вработените, како што вели Палитов, се надеваат дека од понеделник ќе стартуваат со работа.

Новиот сопственик најави дека сите вработени ќе останат на работа.

Слично

Поврзани вести