Вработените од „Еурокомпозит“ од понеделник повторно пред Влада
Поради неисполнетите ветувања, 154-ите Работници кои заминаа како технолошки вишок од „Еуркомпозит“од Прилеп, денес, пак протестираа пред Фабриката. Тие се заканија дека доколку и утре не се договорат со премиерот Заев дека од понеделник повторно ќе протестираат пред Владата.
Само мал дел од овие работници имаат земено по 30 000 денари на име опремнина, а дел од нив само по 5000 ден од најавуваните 100 000 денари. Насобраните работници сметаат дека овие се само низа на предизборни лажни ветувања.
Во изминатиот период Владата посочуваше повеќе начини за надминување на овој горчлив проблем на овие работници од загубарот „Еурокомпозит“ , но до ден денес нема никакво решение.
Слично
