Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вработените на Охис на протести

Вработените на Охис на протести
Нерешениот статус на повеќе од 800 вработени и неуспехот на 11-от тендер за продажба на државниот загубар Охис, повторно го разбуди нивниот револт. Синдикатот и вработените во кругот на фабриката ќе одлучуваат за идните чекори и дејствувања. Синдикатот ќе има состанок со раководството - средба на која ќе се одлучи дали да се излезе на протест пред Илинденска или не. Според најавите освен состанокот, вработените ќе го блокираат и булеварот Борис Трајковски. Пред неколку дена министерот за економија Ваљон Сарачини најави нов - 12-ти тендер за продажба на Охис. Повторно ќе се менуваат критериумите за продажба. Синдикатот веќе ја повика Владата да почне постапка со која ќе се лоцира одговорноста за агонијата на 800-те вработени.  
Слично

Поврзани вести