Вработените да одвојат 500 динари за помош!
Претседателот на асоцијацијата на мали и средни претпријатија Милан Кнежевиќ, изјави дека организацијата ќе му предложи на министерот за економија сите вработени и сопственици на фирми финасиски да помогнат на загрозените од поплавите.
Ќе покренеме во понеделник иницијатива сите сопстевници да спроведат анкети во своите фирми. Целта е секој вработен од јунската плата да одвои по 500 динари, а сопствениците и повеќе од тоа, изјавил Кнежевиќ пред новинарите во Белград.
Ќе се заложам и да се направи список на оние сопстевници на фирми кои донирале, но и на оние кои досега не донирале ништо. Ова е време кога моралноста треба да биде над сите лични интереси, додава тој.
Според неговите зборови ќе се собере значајна помош кога милион и 700.000 вработени и повеќе од 300 сопственици на фирми ја поддржат иницијативата.
Слично
