Вработени во УЈП „амнестирале“ приватни и државни фирми од плаќање на данок
Прекршување на работните процедури и професионалноста во УЈП со „амнестирање“ на даночни обврзници од плаќање на данок.
Ова денеска го обелодени директорката при УЈП Сања Лукаревска која соопшти дека вработени во УЈП помагале фирми и претпријатија да не плаќаат данок.
Според Лукаревска 37 фирми приватни и мал број државни во 2015-та и 2016-та година свесно биле отстранети од системот за присилна наплата на данок на добивка и со тоа биле затаени милионски суми.
Компаниите се дел од листата на должници што ја објавува УЈП, а против двајца вработени во Управата се води дисциплинска постапка.
Истрагата ќе се проширува а меѓу инволвираните, како што истакна Лукаревска, се и лица на високи раководни функции одговорни за мониторирање на системот.
