Вработени во Казандол бараат плати, но концесионерот се уште не ги исполнил условите
Вработените на Сардич МЦ и Копер Инвестмент, компанииите кои беа сопственици на рудникот Казандол во Валандово, преку отворено писмо до вицепремиерот Кочо Анѓушев бараат да ја поправи, како што велат, грешката која ја направиле на 27. март со одземање на концесијата на рудникот. Сметката на компанијата е блокирана и неможе да им исплати плати на вработените. На ова Анѓушев им одговори дека не може да биде одблокирана сметката затоа што не се исполнети условите.
„Се надеваме дека ќе го слушнете гласот на работниците и дека сите вие сте браќа, сестри, татковци, мајки, баби и дедовци и дека дома кога ќе
си дојдете од работа и посебно пред ваков празник сите ве гледаат со отворени очи и насмеани, но нас вработените без плата и пари не не
гледаат така поради вашите грешки и неаргументирани изјави во последно време, се вели во писмото од вработените .
Во продолжение писмото од вработените:
Владата мора да покаже капацитет да се грижи за правната држава и да ги третира сите економски субјекти подеднакво, да ги поддржи доколку ги исполнуваат своите обврски, но и да ги задржи своите права доколку не ги исполнуваат.
Ова го кажа вицепремеирот за економски прашања Кочо Анѓушев во одговор на прашањето дали го добил писмото од вработените во Сардич на денешната прес-конференција во Владата на која беше промовиран првиот јавен повик за кофинасирани грантови за мали и средни претпријатија.
“Информацијата ја добив преку медиумите и се уште не сум го добил писмото. Кога ќе го добијам, ќе го разгледам соодветно и ќе одговорам. Сепак, кога еден економски субјект потпишува договор со државата за концесија тој презема и одговoрности. Во член 13 од Договорот е преземена одговорност дека во рамките на две години од потпишувњето на Договорот, а тие две години се веќе одамна изминати, треба да биде воспоставено производство на катоден бакар. Тоа значи дека треба да има погон за електролиза, а тој таму не беше изграден”, изјави Анѓушев.
