Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вработени во Актор ќе го блокираат патот кај Демир Капија поради неисплатени плати

Вработени во Актор ќе го блокираат патот кај Демир Капија поради неисплатени плати

Вработените во грчката фирма Актор, која работи на  делницата Демир Капија – Смоквица, утре започнуваат штрајк поради неисплатени плати.

Тие од Нова година досега добиле само една плата, а тврдат дека менаџментот на фирмата редовно зема плати.  Делницата кај Демир Капија утре од 6 часот ќе биде блокирана, а работниците велат дека штрајкот ќе трае додека не ги добијат заостанатите плати.

Фирмата Актор се споменуваше во афера уште пред две години, кога СДСМ објави дека од сметката на грчката фирма незаконски се изнесени  3,5 милиони евра. Грчките медиуми пак го објавија наодот на Организацијата за економска соработка и развој, во кој се вели дека грчка градежна компанија која гради автопат вреден безмалку 280 милиони евра дала поткуп на официјални претставници од Македонија за да го добие договорот. Актор во 2012 година го доби тендерот за изградба на 28 км долгата делница, иако нејзината понуда од вкупно 270 милиони евра не беше најниска.
Слично

Поврзани вести