Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вработени на голема банка со забрана да тргуваат со Биткоин

Вработени на голема банка со забрана да тргуваат со Биткоин

Шведскиот банкарски гигант Nordea им забранил на своите вработени да тргуваат со криптовалутата биткоин, како и со останатите дигитални валути. Според информациите околу 30 илјади вработени во Nordea која е присутна во нордиските земји не смеат да тргуваат со криптовалути поради нивната нестабилност и небезбедност.

„Ризиците се чини дека се превисоки, а заштитата е недеоволна како за самите вработени така и за банката“ истакна портпаролот на Nordea.

Во Шведска, Данска и Норвешка се поголем број на комерцијални банки даваат совети да не се користи биткоинот како платежно средство, а сличен став имаат и централните банки на овие земји кои планираат засилена регулација на криптовалутите поради честите промени на вредноста и можноста за загуби на инвеститорите.


Слично

Поврзани вести