Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вработени и стари и млади, се реализира ли ветеното од „Македонија вработува“?

Вработени и стари и млади, се реализира ли ветеното од „Македонија вработува“?

„Македонија вработува“ помага и на старите и на младите да најдат работа изјави денеска министерот за финансии Зоран Ставрески кој  потенцираше дека досега преку овој проект на Владата се вработени  4.622 лица, од кои околу 2.000 лица се млади до 35 години, а од друга страна ангажирани се околу 1.000 лица над 50 години.

Според министерот Ставрески овие лица никогаш немало да бидат вработени доколку Владата не го реализирала овој проект.

„Задоволство е за Владата кога одредена мерка ќе резултира на ваков начин, односно ќе овозможи вработување на луѓе и решавање на животното прашање на голем број граѓани, истакна Ставрески.

Тој вели дека за работодавачите овој проект  овозможува голема заштеда затоа што може да ангажираат лица, а притоа да не ги плаќаат придонесите за здравствено и пензиско осигурување.

Овој проект беше најавен во март , а на сила стапи во април.

Премиерот искажа верување дека проектот ќе продолжи да се развива со исто темпо и се повеќе лица ќе се вработат.

На почетокот експерти имаа негативно мислење за овој проект поради  економските состојби во земјата и опкружувањето не се во добра состојба.

„За некоја идеја да е успешна, треба да е погодено и времето. Ние имаме сериозни проблеми со свежи пари, со ликвидноста, со тековното одржување, и затоа многу малку компании ќе може да задржат ист број на вработени и плус да вработат нови, за кои ќе теба да обезбедат плати, иако ќе бидат ослободени од придонеси за нив. Затоа сметам дека нема да дадат посериозни резутат“, рече Рафајловски од Рафајловски Консалтинг неодамна за Фактор.

Од друга страна, Рафајловски посочува дека лошо е што овие мерки за ослободување од плаќање на социјални придонеси за вработување на лице согласно утврдени критериуми се врзуваат со редовно и навремено плаќање на даноците.

„Односно, според законите, ако некоја фирма има нови вработени и исполнила услови да биде ослободена од  плаќање социјални придонеси неколку години, но при тоа се случи фирмата да задоцни неколку месеци со плаќање на данок, тогаш истата таа фирма, ќе треба да ги врати назад сите ослободувања за социјални придонеси што ги добила од државата. Државата може да бара од фирмата да ги врати парите што ги добила како ослободување за социјални придонеси за нововработените, но само ако истата фирма не платила придонеси за вработените, а не и ако задоцнила со плаќање на данок“, додава Рафајловски.

Според владините најави овој проект треба да опфати  150.000 лица кои ги исполнуваат условите и би можеле побрзо да најдат работа.

Спроед владините најави со овој проект, повозрасните лица ќе добијат можности да најдат работа во приватните компании, кои сега ќе имаат намалени трошоци за ангажирање работници.

Со мерките се предвидува за вработување лица до 35 години компанијата да биде ослободена од плаќање социјални придонеси и персонален данок три години со обврска да го задржат вработеното лица уште една година.

За вработување на лица од 35 до 50 години, фирмите ќе бидат ослободени пет години и обврска една година да го задржат невработеното лица, како и пет години ослободување за приватните компании за вработување лице над 50 години и за највозрасните над 58 години ослободување до стекнување услови за старосна пензија.

Слично

Поврзани вести