Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВРАБОТЕНИ, А СИРОМАШНИ: Во ваква состојба се над 13 отсто од работниците во богата европска земја

ВРАБОТЕНИ, А СИРОМАШНИ: Во ваква состојба се над 13 отсто од работниците во богата европска земја

Во најновиот извештај „Клучни бројки за европските услови за живот 2025“, кој го објави Европската комисија, пишува дека дури 8,2 проценти од вработените граѓани на ЕУ во 2024 година биле изложени на ризик од сиромаштија, и покрај тоа што имале работа.

Ризикот од сиромаштија ги погодува и оние кои работат со полно работно време, особено во земјите со високи трошоци за живот и изразени социјални разлики.

Највисок процент на вработени кои живеат во ризик од сиромаштија има во Луксембург (13,4 проценти), земја позната по својот висок стандард, но и по високите трошоци за живот. Најмалку ранливи работници се во Финска (2,8 проценти), каде што социјалната политика и прогресивните даноци очигледно даваат резултати.

Во Германија, стапката на ризик од сиромаштија кај вработените е иста за двата пола, додека во Чешка, Латвија, Кипар и Луксембург, жените се почесто изложени на овој ризик од мажите.

Жените се во малку подобра позиција од мажите – 7,3 проценти од вработените жени во ЕУ биле изложени на ризик од сиромаштија, додека кај мажите тој процент бил 9 проценти. Во дури 22 држави од ЕУ, мажите се почесто погодени од сиромаштија отколку жените. Најголемата разлика е забележана во Романија, каде што јазот меѓу половите е дури 8,1 процентен поен.

Во извештајот се истакнува дека економската нееднаквост, ниската продуктивност и зголемените трошоци за живот создаваат нова класа работници кои, иако се вработени, живеат во финансиска неизвесност.

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести