„ВПТЕКС Македонија стратува со работа во Кадино
Фабрика за производство на работна и заштитна облека „ВПТЕКС Македонија на холандската фирма Van Puijenbroek Textiel, денеска ќе биде отворена во село Кадино, општина Илинден.
Холандската компанија почна да ја реализира својата инвестиција во Македонија, вредна два милиони евра, во септември 2012 кога беше поставен камен-темелникот во присуство на премиерот Никола Груевски и членови на Владата.
„ВПТЕКС Македонија“ има 50 вработени, а нивниот број ќе биде зголемен на сто од 1 ноември со воведување втора производствена линија. Во првиот квартал на 2014 година ќе следува и трета линија.
- Мисијата на овој производствен капацитет на ВПТЕКС е да им излезе во пресрет и да ги задоволи очекувањата и желбите на купувачите со систем на брза реакција и одговор. Исто така планираме да развиеме систем на продажба со рентирање и перење на работната облека, соопшти инвеститорот.
