Економија, финансии, бизнис

Контакт

Возовите утре нема да сообраќаат, железничарите си го чекаат делот од платата

Возовите утре нема да сообраќаат, железничарите си го чекаат делот од платата

Од утре повторно ќе има прекин на железничкиот сообраќај во земјава. 

Тој од утре во 7 часот ќе биде во прекин поради неисплатен втор дел од платата за октомври. Ова го најавија претседателите на синдикатите на машинскиот и извршен персонал во Железници на РСМ Транспорт, Тони Димовски и Душко Чакаровски. 

Како што изјави Чакаровски за МИА, со овој чекор всушност се реализира нивната најава за прекин на работата доколку до 25-ти во месецот не им биде исплатен вториот дел од платата за претходниот месец.

Ова не се случува прв пат. Машинскиот и извршниот персонал во Железницата го прекинаа железничкиот и товарниот сообраќај и на 1 ноември, поради неисплатен втор дел од септемвриската плата.  

Слично

Поврзани вести