Возовите на релација Белград-Скопје нема да сообраќаат до 18 јуни
Два месеци ќе има прекин во железничките линии кон Белград.
Меѓународните возови број 335/334 и 337/336 на релација Белград – Скопје и обратно, од 18 април до 18 јуни нема да сообраќаат.
Информацијата ја соопштија од Македонски железници Транспорт а.д. Скопје. Прекинот во траење од два месеци е поради извршување градежни работи на железничката линија на територијата на железницата на Србија, на делницата Ниш – Прешево – државна граница на Република Македонија.
Слично
