Економија, финансии, бизнис

Контакт

Возовите остануваат заковани на пругите!

Возовите остануваат заковани на пругите!
Македонските возови попладнево целосно ќе бидат блокирани и нема да сообраќаат, така најавија вработените од МЖ-Транспорт кои втор ден штрајкуваат. Сепак дали тоа ќе се случи останува неизвесно, со оглед дека вработените внатре во транспортното претпријатие се поделени. Едни го поддржуваат штрајкот, другите се на своите работни позиции и не им се приклучуваат на оние кои штрајкуваат.
„ Веќе од утре нема да можат да ни најда замена, а со самото тоа ќе нема услови за нормално одвивање на сообраќајот “, изјави претседателот на НСММ, Латко Јовановски
Машиновозачите кои штрајкуваат се револтирани поради намалувањето на бенифицираниот стаж за четири месеци. Па така, наместо една година бенифициран стаж на секои три години, сега според машиновозачите сега добиваат една година на секои четири години. Дополнително велат дека секојдневно се изложени на стрес и многу тешко можат да задржат прва здравствена група. Директорот на „Македонски железници – Транпорт“, Оливер Дерковски тврдењата на овој синдикат на машиновозачите се неосновани, а од друга страна тој ја оспорува и репрезентативноста на синдикатот. За него, репрезентативен е другиот синдикат кој постои во рамките на претпријатието. Состојби во Железницата Превезени патници Според официјалните податоци на државната статистика, бројот на превезени патници во железничкиот сообраќај се вратил на ниво како од 2006 година. Имено минатата 2012 година со македонските возови биле превезени 1.013 000 патници, што е речиси идентично како пред шест години кога биле превезени 1.011 000 патници. Со возовите што сообраќаат на македонските пруги, најмногу патници се превезувале во 2009 и 2010 година, но оттогаш е забележан надолен тренд. „Просечниот пат на еден патник во 2012 година изнесувал 98 километри, додека во 2005 година просечниот пат на патник изнесувал 104 километри.“ Превезена стока Но, не само во патничкиот, пад се забележува и кај товарниот сообраќај. Официјалната статистика покажува дека во 2005 година со товарните вагони на железницата во земјава биле превезени 3 129 000 тони а во 2012 забележува сериозен пад и превозот изнесува 2 539 000 тони стока. „Најдобри години за превоз на стока биле 2007 и 2008 година , но веќе во 2009 година кога и почна економската криза  во светски и европски рамки се забележува намалена обем на транспортот на стоки со македонските возови“ Што најмногу се превезувало со товарните вагони на МЖ Со вагоните на Македонски Железници, најмногу се врши превоз на  метални руди и други производи на рударството и вадењето камен, тресет, уранова и ториумова руда. Еве како изгледал вкупниот транспорт на металски производи по години: ·         2009 година    1 325 014 t ·         2010 година       600 416 t ·         2011 година       491 503 t ·         2012 година        575 109t „Металската индустрија која е клучна за македонската економија, но и за финансиската кондиција на железницата, во последните четири години покажува сериозни проблеми во работењето, што пак се одражува врз вкупната економија. Тоа е очигледно и од подаците наведени погоре каде се гледа дека во 2009 година биле превезени 1,325 014 тони метални руди, но веќе следната година забележано е преполовување на превозот на металните руди. А еве како изгледал увозот и извозот во металската индустрија направен со железницата. Драматичен пад е регистриран и кај превозот на земјоделски производи во последните пет години. Односно од превезени 114 629 тони земјоделски производи во 2009 година, во 2012 година превезени се само 1 433 тони. Еве како по години изгледал превозот на земјоделски производи, производи од лов и шумарство, риби и други производи од риболов со товарните вагони на железницата. ·         2009 година            114 629t ·         2010 година                1 670t ·         2011 година               1 579t ·         2012 година               1 433t Во транспортниот сообраќај големо учество има и превозот на производи од дрво, но и тука е забележан огромен пад. Односно ако во 2009 година биле превезени 383 238 тони производи од дрво, веќе во 2012 година има преполовување на превозот и изнесува 168 260 тони. Еве како по години изнесувал превзоот на дрво и производи од дрво и плута (освен мебел), предмети од слама и плетарски материјали, целулоза, хартија и производи од хартија, материјали за печатење и снимени записи ·         2009 година    383 238t ·         2010 година   290 464t ·         2011 година   202 845t ·         2012 година    168 260t Железнички несреќи Бројот на несреќи во железничкиот сообраќај бил најголем во 2010 година, а најмал во 2011 година. Пред три години имало 28 лизгања од шини, а пред две бројот бил намален на 12. Состојба со возен парк Податоците покажуваат дека не е розова состојбата со возниот парк на Железницата. Бројот на локомотиви од 56 колку што биле во 2008 година, се намалил на 43 на крајот на 2012 година. Драстичен пад има и кај патничкиот возен парк, односно од 124 во 2008 година, на крајот на 2012 година речиси е преполовен и изнесува 68 патнички возови. Во 2008 година имало 1494 товарни коли, а на крајот на 2012 година таа бројка изнесува 1011. С.Н.                        
Слично

Поврзани вести