(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Терористички чин во полициска станица во Зворник
Околу 19.15 часот на полициската станица во Зворник е извршен терористички напад, како засега се претпоставува пд страна на напаѓач кој му припаѓа на вехабиско движење.
Според неофицијалните информации на Федералната телевизија, на полициската станица нападот го извршил Нерди Ибриќ (24).
Тој пред полициската станица пристигнал со црн „голф2“ и со извици „Алах Акбар“ упаднал во просторииите на полициската станица и веднаш почнал да пука од пушка. Нападот се случил за преме на сменопредавањето.
-Во 19 часот во ПС Зворник влегов вооружен маж и почнал да пука. Убил еден полицаец, а двајца се повредени. Напаѓачот потоа е убиен. а повредените полицајци се пренесени во болница - изјавила портпаролката на Центарот за јавна безбедност Бијлељина Александра Симојловиќ.
Во пукањето загинал полицаецот Драган Ѓуриќ, додека повредени се полицајците Жањко Гајиќ и Стево Милановиќ, а при размена на оган е ликвидиран и напаѓачот.
И двајцата повредни полицајци се згрижени во Општата болница во Зворник.
Министерот за внатрешни работи на Република Српска Драган Лукаш рекол дека се работи за најлошиот терористички чин. Наведува дека безбедноста на полицијата е подигната на највисоко ниво.
-Нема да дозволиме да владеат терористи, безбедноста е подигната на највисоко ниво. Говоревме дека борбата против тероризмот е потребна, мора да ги заштитиме нашите полицајци, граѓани и институции, бидејќи ова може да биде почеток на многу полоши настани во РС.
Ќе ги преземеме сите можни мерки да ги заштитиме граѓаните. Граѓаните исто така треба да се вклучат и да ги достават сите евентуални информации за терористите. Ќе имаме одговори на вакви работим нема да простиме, ниту заборавиме, тоа сите мора да го знаат - рекол Лукаш во телефонски разговор за РТРС.
Разузнавачко-безбедносната агенција вчера вечерта ги иноформирала сите агнции во БиХ за можни нови напади на полициски станици ширум БиХ. Министерот за безбедност на БиХ Драган Мектиќ потврдил дека пред три дена постоеле сознанија за можен терористички чин.
Целиот дел од градот околу полициската станица во Зворник е блокиран, а местото на нападот го обезбедуваат припадници на полицијата со долги цевки.
Погледнете го видеото:
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/08TvOdv_0wI[/embed] [embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/igm9NV5Nfus[/embed]



