Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Молотови коктели на првиот ден на забранети протести во Киев

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Молотови коктели на првиот ден на забранети протести во Киев
Жестоки судири меѓу демонстрантите и полицијата во Киев и неколку други украински градови продолжија и денеска, на првиот ден откако стапи на сила новиот Закон за забрана на протестите во Украина. Судирите меѓу демонстрантите и полицијата во центарот на Киев продолжуваат и денеска и покрај ниските температури и забраната. Главниот град на Украина и натаму е средиште на жестоки пресметки. Антивладините демонстранти фрлаа молотови коктели, камења и петарди врз полицијата која возврати со гумени куршуми и шок бомби. Министерството за внатрешни работи на Украина соопшти дека досега се уапсени 50 лица кои учествуваа во судирите со полицијата во изминатите неколку дена во Киев. Неколкумина полицајци се повредени и денеска од молотовите коктели на демонстрантите. Повеќе во видеото: http://www.youtube.com/watch?v=5psCodONvkE
Слично

Поврзани вести