Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Брутално ја тепа со шише и со боксови во глава, утринава настрада жена во Сплит

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Брутално ја тепа со шише и со боксови во глава, утринава настрада жена во Сплит

Токму кога доаѓала во кафулето „Фируле“ за да го отвори објектот во кој повремено работи, 52-годишната Невенка Маргета од Сплит била нападната и брутално претепана, пренесува Слободна Далмација. Мажот бил уапсен по интензивно потрага.

Жената не го ни отворила кафулето, а од зад грб и пришол еден маж љубезно ја замолил да му даде чаша вода. Невенка тргнала да го отвори шанкот и да му даде вода, а помладиот човек со цела сила почнал да ја удрира со шише по главата.

Тој потоа дивјачки ја претепува и со боксови и клоци, а нападот веројатно ќе траел дури и подолго ако не интервенираше еден странски турист и некои други жени кои оделе на плажа.

Според последните информации, мажот бил уапсен по интензивно пребарување од полицијата и специјалните служби, а според хрватските медиуми, тој претепал и други две жени. Според Слободна Далмација, полицијата го пронашла во околината на Сплит со помош на кучиња трагачи и беспилотни летала.


Слично

Поврзани вести