Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ФОТО) СЕ ВИКАЛ МЕВЛУТ И ИМАЛ 22 ГОДИНИ: Рускиот амбасадор убиен од полицаец кој не бил на должност!

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ФОТО) СЕ ВИКАЛ МЕВЛУТ И ИМАЛ 22 ГОДИНИ: Рускиот амбасадор убиен од полицаец кој не бил на должност!

Напаѓачот се викал Мевлут Мерт Атлинтас роден е 1994 година, завршил полициска академија во Измир, а испукал дури 11 куршуми и повредил тројца други луѓе, освен амбасадорот што го убил.


Рускиот амбасадор Андреј Карлов им подлегнал на повредите, бидејќи напаѓачот му испукал неколку куршуми во грб. Нападот е извршен момент после завршувањето на говорот на амбасадорот кој ја отворил изложбата „Русија во очите на Турција“.


Според првите информации, човекот кој го повредил рускиот амбасадор во Анкара бил зад него, а како што извести РТ, терористот се идентификувал како полициски службеник на влезот.


„Имаме информација, од еден сведок, дека напаѓачот се претставил како полицаец и покажал службена легитимација на самиот влез во галеријата. Информацијата се проверува-речено е од турското министерство за полицијата, јавува Интерфакс.

Слично

Поврзани вести