(ВОЗНЕМИРУВАЧКИ:ВИДЕО-ФОТО) Во напад во Истанбул убиена жена бомбаш
Турските сили за безбедност убија жена, вооружена со бомба и пиштол, откако таа и соучесник го нападнаа седиштето на полицијата во Истанбул.
Соучесникот, нејзиниот маж, бил ранет, но успеал да избега, соопшти гувернерот на Истанбул Васип Сахин. Подоцна тој е фатен.
Еден полицаец беше полесно повредени во престрелката.
Претходно денеска маж и жена отворија оган врз полицајци крај зградата.
Истанбул е со зголемени мерки за безбедност по вчерашната заложничка драма со обвинителот Мехмет Кираз, кој беше држен девет часа како заложник од екстремисти. Кираз беше ослободен од полицијата во судското обвинителство во Истанбул, но доби пет прострелни рани - три куршуми ставени во главата, а другите два - во телото. Тој беше однесен во болница во критична состојба.
[embed width="700" height="450" ]http://www.dailymotion.com/video/x2lfc8f_olay-yerinden-sicagi-sicagina-goruntuler_news[/embed]Лекарите цел час се бореа за неговиот живот, но поради сериозноста на повредите, не успеаја да го спасат.








