Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВОЗНЕМИРУВАЧКИ ФОТОГРАФИИ) Удавените деца мигранти во Егејското море го расплакаа светот!

(ВОЗНЕМИРУВАЧКИ ФОТОГРАФИИ) Удавените деца мигранти во Егејското море го расплакаа светот!

Најмалку 11 мигранти од кои седум деца, се удавија во среда во источниот дел на Егејско море во пет одвоени инциденти, вклучувајќи еден голем бродолом во кој грчката крајбрежна стража спасила 242 лица.

Migranti-davljenje-Egejsko-more-9

Локалните власти соопштиле дека уште не се знае колку лица биле во дрвениот чамец кој потонал. Бродовите на крајбежната стража, хеликоптер и пловила на европската гранична агенција Фронтекс преку ноќ на олујно море трагале за преживеаните.

Migranti-davljenje-Egejsko-more-8

Во тој инцидент се удавиле две млади момчиња и еден повозрасен маж лија националност уште не е утврдена.

Меѓународната организација за миграција соопшти дека според некои извори, на бродот имало 200 лица кога се превртел, а други велат дека имало 300.

Migranti-davljenje-Egejsko-more-6

Рибарските бродови и бродови на крајбрежната стража ги превезувале преживеаните до пристанишното село Моливос на островот Лезбос, оддалечен неколку милји од турско копно. Лекари и доброволни им пружиле помош во импровизирани објекти, како и во капелата во пристаништето каде се примени жени со хипотермија.

Migranti-davljenje-Egejsko-more-5

Грција е главен правец за мигрантите од Блискиот исток и Африка кои идат во Европа. Оваа година во Европа стигнале повеќе од пола милион мигранти.

Migranti-davljenje-Egejsko-more-3

Migranti-davljenje-Egejsko-more-2 Migranti-davljenje-Egejsko-more-1

Каков впечаток на вас оставија овие фотографии? Одговорот оставете го во коментар.

   
Слично

Поврзани вести