Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вознемирувачка снимка од Крушевац: Возач покоси жена на пешачки премин

Вознемирувачка снимка од Крушевац: Возач покоси жена на пешачки премин

Дождот, лизгавиот коловоз и несоодветната брзина често завршуваат со фатални последици. На страната на Инстаграм на 192.rs се појави вознемирувачко видео од Крушевац каде жена која преминуваше на пешачки премин беше прегазена од автомобил.

Можеби мракот и дождот ги спречија возачот, па и жената пешакот да се видат, но уште пошокантно е што жената поминувала на пропишаното место, поточно на пешачки премин, кога на неа налетал автомобил кој ја покосил и ја отфлил неколку метри.

Возачот веднаш застанал и излегол од возилото за да и помогне на несреќната жена. 

За само неколку секунди настана гужва, бидејќи се собраа граѓани кои сакаа да и помогнат на жената која лежеше на влажниот коловоз.

Поради ова од медиумите во соседството кои ја објавија снимката, апелираат до возачите и пешаците да внимаваат при преминување на улица, особено кога врне и кога е намалена видливоста.

View this post on Instagram

A post shared by 192.RS (@192_rs)


Слично

Поврзани вести