Економија, финансии, бизнис

Контакт

Возилата и оџаците го загадуваат воздухот во Битола

Возилата и оџаците го загадуваат воздухот во Битола
Издувните гасови од возилата и оџаците од домаќинствата го загадуваат воздухот во Битола. ПМ10 честичките во воздухот не доаѓаат од индустриските капацитети, покажа истражувањето на акредитираната лабораторија „Еуромак контрол“ кое го нарача општината. Честичките содржат бензо алфа пирен и полицикличен ароматичен јаглероден водород, кои се канцерогени. Додека е правено истражувањето, 11 дена имало зголемено присуство на ПМ10 честичките,  а некогаш и до трипати поголемо од максимално дозволените концентрации на ПМ10 честичките. Анализите покажуваат дека ПМ10 честичките се резултат на согорувањето на фосилните горива од домаќинствата, затоплувањето на јавната администрација, од сообраќајот и од климата. Што се однесува до податоците за квалитетот на амбиенталниот воздух. кои Министерството за животна средина ги објавува, утрово високо загадени се Тетово, дел од скопските општини, Велес и Куманово. Состојбата со загаденоста на воздухот се мери постојано и се менува од час во час.  
Слично

Поврзани вести