Според Царинската управа, податоците велат дека во првите 2 месеци од 2016 во Македонија се увезени 4 209 половни возила, што е двојно повеќе од истиот период лани, кога во Македонија биле увезени 2 514 возила. Рекордна година за увозот на половни возила е 2010, кога со законски измени беше олеснет увозот на стари коли со стандар понизок од Еуро 4. Во текот на 2010 година увезени се повеќе од 51 000 возила.
Загадувањето на воздухот, во голема мера е резултат и на согорувањето на горивата од старите нееколошки возила.
