ВОЗЕВ ПИЈАН И ЗНАМ ДЕКА ИЗЛЕТАВ ОД ПАТОТ И УДРИВ ВО ЗНАК, НО ДЕТЕТО НЕ ГО ВИДОВ - хрватскиот функционер жали за случајот
Далибор Шемпер, шефот на Кабинетот на вицепремиерката Ања Шимпрага на Хрватска, денеска се бранеше од полициската кривична пријава дека пијан прегазил 10-годишно дете во Штикада кај Грачац, а потоа побегнал без да му помогне.
„Седнав зад воланот под дејство на алкохол и направив сообраќајна несреќа. Знам дека излетав од патот и удрив во сообраќаен знак и продолжив да возам. Не го видов детето и не знаев дека го удрив. Жал ми е за се“, рече Шемпер во дел од својата изјава, а како што неофицијално пренесува Јутарњи.хр.
Слично
