ВОЗЕТЕ ВНИМАТЕЛНО: Намалена видливост и влажни коловози на патиштата!
Внимателно возење, прилагодена брзина и почитување на патната сигнализација. Ова се препораките што до сите учесници во сообраќајот ги упатуваат надлежните од „Македонија пат“ од каде соопштуваат дека сообраќајот на патните правци во државата се одвива по влажни коловозни ленти.
Од службата за патишта во државава додаваат дека не e ретка и појава на магла особено на потегот Крак – Маврово каде видливоста е до 20 метри, на Стража има магла со видливост до 100 метри, Плетвар до 50 метри и Пресека до 10 метри.
Според нивните податоци помали одрони забележани се во клисурите и усеците особено на патните правци: Кочани - Делчево, Виница - Берово, Маврово - Дебар - Струга, Демир Капија - Удово и Катланово - Велес.
Од 15 ноември започна и законската обврска за поседување на зимска опрема во возилата која ќе трае до 15 март 2015 година.
На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
Слично
