ВОЗЕЛ БЕЗ ДОЗВОЛА ОСУМ ГОДИНИ, ТИНЕЈЏЕРИ ЗАГИНАА ВО СООБРАЌАЈКА КАЈ БЕШКА: Дејана загина на лице место, Борис во болница
Во тешка сообраќајка која се случила во сооседна Србија животот го загубија двајца тинејџери - Борис (18) и Дејана (17). Двајцата биле на мотор, а несреќата ја предизвикал возач на „мерцедес“ С.Б.(83) од Крчедин, кој не му отстапил првенство на минување на возачот на мотоциклот.
Според неофицијални информации, Борис не починал на местото на несреќата.
- Дејана го загуби животот на местото на несреќата. Кога слушнавме за трагедијата, ни кажаа дека Борис се бори за живот, но не ја доби таа битка - вели извор близок до момчето кое е во шок по загубаата на својот пријател.
Тој додава дека Борис бил примерно дете и достојно за пофалба.
- Никој не можеше да каже лош збор за него. Не ја познавав лично Дејана, но ова не остави сите во шок. Борис бил многу љубител на мотори - додава соговорникот за „Курир.рс“.
Двајцата тинејџери загинаа во сообраќајна несреќа што се случи на патот Марадик-Бешка. Според неофицијални информации, возачката дозвола на возачот кој ја предизвика несреќата истекла пред осум години.
Возачот на мерцедесот кој имал 83 години е уапсен и ќе се терети дека ја предизвикал страшната сообраќајна несреќа што се случила околу 17:15 часот во Бешка.
Двајца тинејџери загинале кога возачот на „мерцедесот“ С.Б. (83) од Крчедин не му дал првенство на минување на возачот на мотоцикл.
