Воздушни перничиња ќе се произведуваат во Кичево?
Околу 1.000 нови работни места ќе се отворат во Кичево, во погонот на компанија за производство на автомобилски воздушни перничиња која изразила интерес да инвестира во Македонија, најави премиерот Никола Груевски во гостувањето во Дневникот на ТВ Сител вечерва.
Тој вели дека уште не може да го објави името на компанијата затоа што остава информацијата да ја изнесе странската компанија заинтересирана да вложи во земјава.
Според Груевски, оваа година се очекуваат 20 странски компании да започнат со процесот на инвестирање во Македонија, дел од нив веќе започнале со изградба на своите производствени капацитети, а дел се во завршна фаза на објавување на нивните инвестиции.
Слично
