Економија, финансии, бизнис

Контакт

Возачот на опелот кој усмрти новинарка доби 30 дена притвор

Возачот на опелот кој усмрти новинарка доби 30 дена притвор

Вчера од обвинителство соопштија детали поврзани со случајот кои ја шокираа јавноста а веќе денеска институцијата на осомничениот му одреди 30 дена притвор.

Во  рамки на истрагата за случената сообраќајна несреќа денеска пред надлежниот обвинител беше доведен осомничениот со неговиот бранител.

Надлежниот обвинител потоа достави предлог за определување на мерката Притвор за осомничениот бидејќи ценеше дека се исполнети законските основи за нејзино изрекување. Предлогот беше прифатен од Судијата на предходна постапка , па на осомниченото лице судот со решение му изрече мерка притвор во траење од 30 дена.

Имено, според првичните сознанија и вештачења е откриено дека возачот на возилото „опел“ бил под дејство на алкохол при што во примероците од неговата крв се најдени  1.52 промили алкохол, додека пак во урината 2.41 промили.

Она што дојде неочекувано покрај страшната трагедија и трауми, е дека возачот бил и под дејство на дрога. Во урината на осомничениот се детектирани и метаболити од психоактивна сустанца што ја содржи растението канабис.

Издадена е наредба за спроведување на истражната постапка, а осомничениот се наоѓа на болничко лекување.

Надлежните и обвинителството работат на расчитување на случајот.

Да се потсетиме …

Во вторникот вечерта триесет и седум годишен скопјанеца управувајќи со автомобил изгубил контрола и со голема брзина удрил во пешак.

Незгодата се случила околу 20 часот на улица Васил Ѓоргов во близина на трговскиот центар „Зебра“, а автомобилот потоа влетал во еден од излозите на околните згради.

Слично

Поврзани вести