Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВОЗАЧИ ВНИМАВАЈТЕ: Патот Маврово-Дебар пренесочен поради големи одрони

ВОЗАЧИ ВНИМАВАЈТЕ: Патот Маврово-Дебар пренесочен поради големи одрони

Доколку денес патувате кон патниот правец Маврово-Дебар бидете исклучително внимателни бидејќи патот е попречен со големи одрони.

Од АМСМ информираа дека во непосредна близина на Манастирот Бигорски се одронила поголема карпа.

Патот е пренасочен преку  бензинската пумпа, а одронот ќе биде расчистен во текот на денот.

Останатите патишта ширум земјава се влажни, а посебно внимание при возењето обратете на а делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани - Делчево, Виница - Берово каде е можна почеста појава на одрони.

Вoзете со прилагодена брзина и почитувајте ја сигнализацијата.

Слично

Поврзани вести