Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВОЗАЧИ ВНИМАВАЈТЕ КАКО ВОЗИТЕ: Стапуваат на сила новите законски измени!

ВОЗАЧИ ВНИМАВАЈТЕ КАКО ВОЗИТЕ: Стапуваат на сила новите законски измени!

На почетокот на месецот Собранието изгласа нов Закон за безбедност во сообраќајот кој официјално од денес стапува на сила.

Она што би ве интересирало е кои се новите прописи.

Задолжителна е употреба на запалени светла за време на управување со возило само во периодот од првиот самрак до потполно разденување, како и дење во случај на намалена видливост. Кај мотоциклите, пак, задолжителна е употребата на светла дење и ноќе, а се предвидува и соодветно светлосно обележување и на велосипедистите заради нивна поголема безбедност во сообраќајот.

Ако не ги почитувате овие прописи како возач ќе платите глоба од  15 евра дење и 35 евра ноќе, односно 15 негативни бода, додека казната за велосипедистите изнесува 50 евра.

Глоба од 400 евра во денарска противвредност ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 65 негативни бода на возачот кој во населено место се движи со брзина поголема од 50 километри на час над дозволената брзина. Ова го предвидува Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата што го усвои Собранието на Република Македонија на вчерашната седница.

Покрај финансиската глоба, на возачот ќе му се изрече и забрана за управување моторно возило од шест до 12 месеци.

Со Законот е предвидена глоба од 300 евра во денарска противвредност, односно регистрирање 50 негативни бода за возач кој во населено место се движи со брзина поголема од 30 до 50 km/h, над дозволената брзина. Покрај глобата, на возачот ќе му се изрече и забрана на управување на моторно возило од три до 12 месеци, под услови и начин утврдени со Закон.

Казна од 45 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 25 негативни бода на возач кој во населено место се движи со брзина поголема од 10 до 30 km/h над дозволената брзина.

Казна од 10 евра во денарска противвредност, односно 10 негативни бода за возачот кој постапува спротивно на одредбите од Законот е предвидена за возач кој во населено место се движи со брзина поголема до 10 km/h над дозволената брзина.

На вас е да одлучите дали ќе ги почитувате новите правила или ќе се соочите со казна.

Слично

Поврзани вести