ВОЗАЧИ ВНИМАНИЕ: Одрони го затворија патот Ресен-Битола-Прилеп
Доколку денес патот ве носи кон Ресен-Битола-Прилеп имајте на ум дека патот е затворен за сообраќај.
Вчера вечерта после 21 часот поради одрони магистралниот пат А-3, Ресен-Битола-Прилеп, кај Битола е затворен за сообраќај.
АМСМ информира дека возилата се пренасочуваат низ градот.
Како е на останатите патишта ширум земјава?
По влажни коловози и без забрани се одвива сообраќајот на останатите државни патишта.
Посебно внимание возачите да покажат кај Обиколницата во Скопје која е пуштена за сообраќај во двата правци, но има делови од коловозот кои се оштетени, каде се поставени сообраќајни знаци за регулирање на брзината на движење на возилата.
Слично
