Возачи, од полноќ има мало намалување на цените на горивата
Oд полноќ има мало намалување на цените на горивата. Ваква одлука донесе Регулаторната комисија за енергетика(РКЕ).
Се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,85 отсто во однос на одлуката од 7 јули 2022 година.
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 не се менува.
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 0,50 денари/литар, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,00 денари/литар.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 1,50 денари/литар.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,661 ден/кг и сега ќе изнесува 50,903 денари/килограм.
Од полноќ од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 105,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 107,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 100,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 98,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 50,903 (денари/килограм)
foto freepik.com
