Економија, финансии, бизнис

Контакт

Возачи од денес точите горива со поскапи цени

Возачи од денес точите горива со поскапи цени

Регулаторната комисија за енергетика ги скрои цените за нафтени деривати за оваа недела.

Цела седмица возачите ќе точат горива чии цени бележат раст од еден денар па до денар ипол.

Тоа е понеделничката одлука на РКЕ согласно која ЕУРОСУПЕР БС – 95 поскапува за 1,50 денари и од полноќ почна да се точи по 68,50 ден/лит .

ЕУРОСУПЕР БС-98 од денес на бензинските пумпи ширум државата ќе се продава за  70,50 ден/литар.

Исто како и ЕУРОСУПЕР БС-98 така и дизелот бележи скок на цената за еден денар и истиот ќе го плаќате за 61,50 ден/лит.

Слично

Поврзани вести